После победата во првиот натпревар „полесно се дише“, успешно ја поминавме првата пречка.
Денес нашите ракометари имаат слободен ден, а веќе утре не очекува нов предизвик во натпреварот против Чешка од 16:30 часот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред медиумите во слободниот ден зборуваше Жарко Пешевски.
„Чешка е репрезентација која добро ја познаваме. Со нив мораме да влеземе помотивиран и посконцентрирано во однос на вчерашниот натпревар, дојдени се тука да играат без респект против секого. Против Австрија го покажаа тоа, но несреќно изгубија, за нив ова ќе биде натпревар за кој ќе нема поправен. Ние после Украина имаме можност максимално да се подготвиме и утре да покажеме дека имаме квалитет и дека можеме да ги победиме Чесите. Очекувам тежок натпревар кој ќе го реши одбраната, голманите ќе имаат важна улога“.
Тој и Стоилов имаа жестоки дуели против украинските дефанзивци.
„Стоилов беше поооптварен и повеќе потрошен после натпреварот со Украина и тој е под посебене режим, јас сум максимално подготвен. Мислам дека сите ќе бидеме спремни за утре и со максималната поддршка која прави да мислиш дека играш во „Борис Трајковски“, а не во Виена можеме до добар добар резултат“, изјави Пешевски.