Манчестер Сити е исфрлен од Лига на шампиони за наредните две сезони.
Поради тоа, тимот веројатно ќе го напуштат неколку ѕвезди кои не сакаат да играат во клуб кој не може да учествува во ЛШ. Англиските медиуми ги објавија нивите имиња.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа се Серхио Агуеро, Сане, Де Брујне, Едерсон и Стерлинг.
Агуеро е најдобриот стрелец во историјата на клубот и неговото заминување сигурно ќе биде голема загуба. Сане и претходно се поврзуваше со заминување, а одлуката на УЕФА само ќе ја забрза процесот. Де Брујне веќе се поврзува со трансфер на Енфилд, но тешко е да се поверува дека Граѓаните ќе го продадат на големиот ривал. Голманот Едерсон би можел да се пресели во Реал Мадрид, Јувентус или ПСЖ, додека крилниот напаѓач Рахим Стерлинг може да замине во Шпанија, каде интерес за неговите услуги покажуваат Реал и Барселона.
Ако заминат сите петмина, тоа ќе биде голема загуба за Сити кој така ќе остане без столбот на тимот, но ова за сега се само шпекулациите и треба да почекаме да видиме што ќе се случи, бидејќи Граѓаните имаат право на жалба на одлуката на УЕФА.
Да потсетиме, Сити следната недела го играат осминафиналниот натпревар во ЛШ, а противник е Реал Мадрид. Првиот натпревар се игра на Сантијаго Бернабеу.