Дома Фудбал Пет случаи на коронавирус во Милан!

Пет случаи на коронавирус во Милан!

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума е позитивен на коронавирус.

Екипата на Милан објави дека во својот состав имаат пет позитивни на коронавирус, од нив тројца се членови на стручниот штаб и двајца се фудбалери.

Имињата не се објавени, но медиумите објавија дека позитивните играчи кај Милан се Џанлуиџи Донарума и новото засилување Јанс Питер Хауге.

Сите петмина се асимптоматични, но секако се ставени во двонеделен карантин. Целата екипа по овие позитивни случаи направила дополнителни тестови, меѓутоа сите биле негативни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова мака за Баерн: Мусијала повторно повреден, се најавува долга пауза

Баерн потврди дека Џамал Мусијала има повреда на десниот бутен мускул. Клубот не одреди ро…