Денес ракометната репрезентацијата на Македонија игра натпревар против Финска во рамките од квалификациите за Европското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На почетокот на мечот видовме игра гол за гол о така беше се до водството на Финска од 4:5. Од тогаш Македонија започна да игра подобро и со една серија од 6:0 стигнавме до 10:5. Финците дури тогаш го постигнаа првиот гол по пауза од неколку минути за 10:6 во 22. минута од мечот.
Финците во одбраната играа грубо па до таа 22. минута веќе изведовме 6 „седмерци“. На шест минути до крајот добивме уште еден пенал кој го реализираше Лазаров. Тогаш стратегот на Финска го повика првиот тајм-аут (12:6).
Тајм аутот не им помогна многу, па ние во последните две минути влеговме со предност од 14:8. Лазаров и понатаму беше енигма за гостинската одбрана.
Лазаров за едно полувреме постигна 7 гола, следуваше Кузмановски со 3, Бојан Маџовски два како и Талески, еден постигна Стоилов. На полувреме заминавме со водство од 16:10.