Eкипата на Наполи како гостин ја победи Сампдорија на „Луиџи Ферари“ со 0:4.
Тимот кој го предводи Лучијано Спалети изгледа одлично оваа сезона и после пет кола имаат максимкален учинок. Резултатот денес го отвори Виктор Осимен после само 10 минути игра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наполи констатно создаваше шанси пред голот на домаќините, а до втор гол дојдоа кога Фабиен Руиз во 39. минута погодува за 2:0. Со овој резултат се замина на полувреме, а во продолжение се постигнаа уште два гола, можеа и уште неколку.
Осимен во 50. минута го постигна вториот гол за сигурни 3:0. Девет минути подоцна постигнат и четврти гол. Овој пат стрелаше Зјелински. Елмас ги одигра последните 20-тина минути, влезе во игра токму на стрелецот Зјелински.