Сите го паметиме Карлос Тевез како фантастичен фудбалер. Аргентинецот играше одлично во дресот на Јунајтед, Сити и Јувентус, а потоа се пензионираше на почетокот на јули минатата година.
По пензионирањето започна тренерска кариера пред пет месеци го презеде Росарио Централ во аргентинската лига, но вчера објави дека ја напушта функцијата прв тренер на тимот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Аргентинскиот клуб се подготвува за избори во средината на декември, а на Тевез не му се допаѓа што е „сопственост“ на претседателските кандидати.
“Сакам да им кажам на луѓето од Централ дека ќе се повлечам. Нема да продолжам да бидам тренер. Би сакал да се заблагодарам за поддршката. Не дојдов да се занимавам со политика. Не ми се допаѓа тоа. Не сакам да бидам вклучен затоа си заминувам“, изјави Тевез.
Инаку, тој го предводеше Росарио на 24 натпревари и ја заврши сезоната на 20. место на табелата.