Фудбалерот на Реал Мадрид и хрватски репрезентативец јавно призна дека сака ова лето да го напушти „кралскиот“ клуб.
Ковачиќ не е задоволен од својот статус на „Сантиаго Бедрнабеу“, па реши да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, Хрватот не мора да се грижи за својата иднина бидејќи силен интерес за него покажуваат Јувентус, Тотенхем, Интер, Манчестер Јунајтед и Рома.
Ковачиќ пристигна во Реал Мадрид во 2015 година за 35 милиони евра, но сега „кралевите“ за неговата слобода бараат 50 милиони евра.
Како што пренесуваат шпанските медиуми Хрватот најверојатно ќе се врати во Серија А или пак ќе се пресели во Премиер лигата.