Иднината на Марко Асенсио во Реал Мадрид е неизвесна, па неколку заинтересирани клубови веќе работат на трансферот.
„Кралевите“ веќе подолго време работат на трансферот на Килијан Мбапе и се убедени дека само прашање на време е кога Французинот ќе пристигне во Мадрид, па поради тоа се спремни да го продадат Асенсио.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека Асенсио не е задоволен од статусот кој го има во тимот, па сериозно размислува да го напушти клубот на крајот на сезоната.
Најсилен интерес за Шпанецот покажуваат англиските гиганти Ливерпул и Арсенал, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент. Покрај нив, интерес за Асенсио покажуваат уште Милан, Јувентус и Тотенхем.
Битката за потписот на Асенсио веќе започна, а Реал е спремен да го пушти за сума од 50 милиони евра.