Навивачите на Ливерпул како и многу неутрални фудбалски фанатици кои сакаат крај на доминацијата на Реал во Европа, веројатно и понатаму тагуваат поради вчерашниот пораз на Ливерпул во Лигата на шампионите.
Исто така и понатаму се развиваат теории дека натпреварот би бил поинаков доколку Мохамед Салах не се повредеше во 30 минута.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Многумина сметаат дека капитенот на Реал Мадрид со намера влегол во дуел со Салах со цел да го повреди.
Оние кои се убедени дека Рамос имал таква намера веќе отворија и петиција со барање Рамос да биде дополнително казнет од страна на ФИФА и УЕФА. Само неколку часа по објавувањето на оваа петиција истата собра повеќе од 150.000 фанови кои се потпишаа со име и презиме.
A petition calling for UEFA & FIFA to punish Sergio Ramos for intentionally hurting Mohamed Salah has just reached over 150,000 signatures #LFC #UCLFINAL pic.twitter.com/oo1AeN6wBN
— Tom Munns (@TomMunns1) May 27, 2018