Дома Фудбал Италија Перишиќ: Први сме, сега одиме по победа против Јувентус

Перишиќ: Први сме, сега одиме по победа против Јувентус

Иван Перишиќ беше стрелец на вториот гол во вчерашната победа на Интер над Фиорентина во Серија А, асистент за голот беше Ашраф Хакими.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првиот гол за Интер го постигна Николо Барела. Тимот на Антонио Конте го контролираше целиот натпревар, а Перишиќ верува дека можеле да постигнат и повеќе голови.

„Мислам дека одигравме многу добар натпревар. Создававме многу шанси, а можевме и порано да го завршиме натпреварот. Сепак, освоивме три важни бода. Први сме и тоа најважно. Сега одиме во Торино против Јувентус по победа“, изјави Перишиќ.

Ќе потсетиме, Интер го чека гостувањето кај Јувентус во полуфиналето од Купот на Италија. Првиот натпревар во Милано го доби Јувентус со 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Британски фудбалер направи скандал: Беснеел со 307 километри на час, доби четири години затвор! (Видео)

Фудбалерот возел со неверојатни 307 км/ч и сè објавил во видео формат. Сега е осуден на по…