Дома Фудбал Перишиќ и Интер далеку од договор

Перишиќ и Интер далеку од договор

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ има договор со Интер до крајот на сезоната и „нероаѕурите“ ќе имаат проблем да го задржат.

Интер е подготвен да му понуди нов договор, но само со услов хрватскиот репрезентативец да се согласи на драстично намалување на платата.

„Газета Дело Спорт“ пренесува дека Перишиќ во моментов има годишна плата од 5 милиони евра, а Интер е спремен да му понуди 2,5 милиони евра годишно со вклучени бонуси.

Тешко дека Хрватот ќе ја прифати оваа понуда, па многу поверојатно е на лето да го напушти клубот како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мартовска битка со Кипар: Македонија ќе го брани местото во Б-дивизијата

Македонија ќе гостува во првиот бараж-дуел со Кипар, а реваншот ќе го игра дома. Двомечот …