Реал Мадрид е во активна потрага по човек кој може да биде вистински наследник на Зинедин Зидан и да продолжи онаму каде што застана Французинот.
„Газета дело Спорт“ во своето денешно издание пишува дека Флорентино Перез го контактирал стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Контактот помеѓу Перез и Алегри, наводно бил остварен преку Адријано Галијани кој важи за добар пријател на тренерот на „старата дама“. Сепак одговорот на Алегри бил – „не“.
Алегри ја отфрлил можноста да го превземе гигантот од Мадрид со објаснување дека има договор со Јувентус и сака истиот да го испочитува во целост.
Иначе во овој момент како единствен сериозен кандидат за превземање на Реал Мадрид е поранешниот стратег на Наполи, Маурицио Сари, а „срамежливо“ од вчера започна да се споменува и името на Португалецот Жорж Жесус.