Шпанските медиуми открија дека Флорентино Перез има желба да го сруши светскиот рекорд.
Ако ПСЖ го одбие за Нејмар, тој сака за 200 милиони фунти да го купи Хари кејн. Колку и да е тешка метата, Англичанецот за сега не одговори на понудата на Тотенхем од 200.000 фунти неделно, со што би станал најплатен играч во историјата на клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од другата страна, платната структура на „Петлите“ се разликува од останатите англиски екипи. Тотенхем е познат по тоа што плаќаат малку, во споредба со останатите клубови од ТОП 6, а претсетателот, Даниел Леви е загрижен дека зголемувањето на платата на Кејн би им го отворило апетитот и на Деле Али, кој сега го има Мино Раиола за менаџер, како и Кристиан Ерикесен, за кого заинтересиран е Јувентус.
На сите би можело да им бидат понудени нови договори, но проблемот е тоа што апетитот на играчите е поголем и што на лето ќе експлодира. Кејн има договор до 2022., но ако го одбие зголемувањето и ако биде незадоволен, Тотенхем ќе биде во тешка ситуација. Да се одбие 240 милиони евра за играч, од другата страна, изгледа дека е премногу тешко.