Португалецот со чудесните настапи повторно покажа дека е помеѓу најголемите.
Изгелда дека сега Реал Мадрид е приморан да му понуди на Кристиано Роналдо нов подобар договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Португалецот се разбуди и постигна 18 погодоци на последните девет натпревари, а во овој викенд стигна и до 50 хет-трик во кариерата.
Иако има 33 години, Роналдо и понатаму игра како во најдобрите денови, односно изгледа дека е во иста форма цела деценија. Во таборот на Реал Мадрид се свесни дека мораат да му понудат нов договор.
Меси неодмна потпиша нов договор со Барселона според кој кога се ќе се собере заработува околу 50 милиони евра, Роналдо повеќе од двојно помалку.
Флорентино Перез наводно сега е спремен да му понуди нов договор, последен во Реал, според кој Португалецот би заработувал околу 35 милиони евра по сезона.
Роналдо во текот претходните месеци бараше приближни примања на Нејмар и Меси, бидејќи според квалитетот заслужува да биде помеѓу во врвот.