На изненадување на фудбалската јавност Реал Мадрид оваа зима не беше активен на пазарот, но сигурно дека Флорентино Перез има подготвено план за на лето, кога станува збор за засилувањата во „кралскиот клуб“.
Реал оваа сезона не игра баш најдобро и сигурно дека ќе има ремонот на екипата на крајот на баладата. Перез веќе најави дека ќе има неколку звучни засилувања на „Сантијаго Бернабеу“ и веќе започнаа шпекулациите кој на лето би можел да стане жител на Мадрид.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Јасно е дека ќе си има и заминувања, а прв кој ќе ги спакува куферите најверојатно ќе биде Карим Бензема. Огромна желба на Перез е да го доведе Хари Кејн, кој веќе неколку години игра одлично во дресот на Тотенхем. Шпанските медиуми пренесуваат дека Перез смислил пеколен план за доведување на Кејн.
Наводно, Перез е подготгвен да понуди 100 милиони евра за напаѓачот на Тотенхем, но во спортивна насока да си оди и Лука Модриќ. Хрватскиот фудбалер во Реал пристигна токму од Тотенхем и сигурно дека „Петлите“ не би имале ништо против Модриќ да се врати.
Претседателот на „Кралевите“ верува дека на тој начин пред се ќе го убеди Тотенхем да го пушти Кејн. Сепак, „Don Balon“ пишува дека на Реал нема да му биде ниту малку лесно, бидејќи лондонскиот клуб нема така лесно да се откаже од својот најдобар фудбалер.