Шпанскиот гигант Реал Мадрид оваа сезона остана без услугите на белгискиот чувар на мрежата Тибо Куртоа кој се повреди, но затоа на голот блесна украинскиот голман Андриј Лунин.
Лунин требаше да биде втор голман зад позајмениот Кепа Аризабалага, но Шпанецот не ги оправда очекувањата, па ја загуби улогата на првотимец.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез подготвил нов договор за Лунин, чија соработка со Реал Мадрид завршува во јуни 2025 година.
Многу работи ќе зависат и од Лунин, кој треба да реши дали сака да остане во клубот и да се бори за стартното место со Куртоа.