Дома Топ вести Перез не се откажал од Модриќ: Може ли Интер да парира на ваква понуда?

Перез не се откажал од Модриќ: Може ли Интер да парира на ваква понуда?

modric

Реал Мадрид е спремен да направи се со цел да го задржи Лука Модриќ во својот тим.

Лука Модриќ и неговиот потенцијален трансфер во Интер се една од темите на трансфер пазарот за која многу се пишува веќе некое време.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вчера Реал Мадрид крена голема прашина кога на своите официјални Фејсбук и Твитер профили постави „ковер“ фотографија на која се наоѓаа: Бејл, Бензема, Рамос, Марсело и Крос, а го немаше Лука Модриќ. Веднаш потоа започна на големо да се пишува дека навистина е пред трансфер во Италија.

Утрово пак „Калчомеркато“ ексклузивно пренесе дека според нивните информации Модриќ веќе го известил Перез за неговата желба да го засили Интер.
Сепак, попладнево добиваме нови информации.

Наводно, Флорентино Перез е спремен на Модриќ да му понуди плата од 13 милиони евра по сезона, што е двоно повеќе од она што Хрватот го заработува во овој момент.

Освен тоа оваа сума е за три милиони евра поголема од понудата на Интер. Засега нема информации колку години важност би имал таквиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…