Јануарскиот трансфер прозорец се затвора на полноќ, а фановите на Реал Мадрид до последно ќе се надеваат за Маури Икарди, меѓутоа историјата не е на нивна страна.
Откако Флорентино Перез по втор пат седна на претседателското столче Реал реализирал само три зимски трансефери. Тој се врати летото 2009 година, што значи дека имало вкупно 8 јануарски преодни рокови.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Првиот зимен трансфер беше тој на Емануел Адебајор кој во 2011 година пристигна на позајмица од Манчестер Сити. Напаѓачот постигна 8 гола на 22 меча, но два од нив беа многу важни во четртфиналето од ЛШ против Тотенхем.
Вториот трансфер беше тој на Диего Лопез кој пристигна во 2013 година од Севиља за 3,5 милиони евра. Голманот пристигна поради тешката повреда на Икер Касиљас и остана една и пол сезона на „Сантиаго Бернабеу“.
Во јануари 2015 година Перез плати 15 милиони евра за Лукас Силва од Крузеиро. Бразилецот се уште е во сопственост на „кралевите“, но одигра само 9 натпевари за Реал Мадрид.