Дома Трансфер зона Перез не го сака, Левандовски се сели на Островот

Перез не го сака, Левандовски се сели на Островот

Познато е дека Левандовски сака да го напушти Баерн и да се пресели во Реал, но италијанска „Република“ јавува дека оваа „љубов“ ќе остане невозвратена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, претседателот на „Кралскиот клуб“, Флорентино Перез се предомислил, па ја одбил можноста напаѓачот да го облече дресот на Реал. Таквата одлука можеби се крие во желбата во Шпанија да се доведе тинајџерската ѕвезда, Килијан Мбапе.

Како што опцијата трансфер во Реал пропадна, се јави Челзи кој сака да се засили во нападот. Доаѓањето на Марусио Сари во Лондон е блиску, а наводно тој го одобрил проектот „Левандовски 2018“.

Прашање е само дали Лева ќе се согласи да пристигне во тим кој не се бори за трофејот во Лигата на Шампионите, но Премиер лигата е сигурно атрактивна дестинација за било кој фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…