Килијан Мбапе беше пред трансфер во Реал Мадрид, но на крајот тој се одлучи да остане во ПСЖ, а оваа ситуација се уште е актуелна тема.
Сега за првпат за овој случај јавно зборуваше првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез кој смета дека Мбапе останал во Париз поради политички притисок.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Целиот свет ја слушна желбата на Мбапе да игра за Реал Мадрид, тоа го кажа јавно. Ние сакавме да го доведеме и во август минатата година, но не беше возможно затоа што не го пуштија. Чекавме долго време и кога помина цела година на 15 дена пред да потпише работите се променија. Мислам дека му беше направен политички притисок, не економски“.
„ПСЖ не само што му понуди да биде лидер на тимот, туку го направија и лидер на управата. Тоа не беше Мбапе кои ние сакавме да го доведеме, тој се промени поради притисокот. Кога на 23 години ќе ве повика претседателот на државата сигурно дека тоа многу влијае на вас. За мене нема смисла такво нешто затоа што во Франција постојат и други клубови“
„Мислам дека неговата мајка сакаше да дојде во Реал, не сме разговарале откако потпиша, но ми кажаа дека била засрамена. Кога на 23 години ви се врши толкав притисок вие се блокирате“.
Новинарите го прашаа и дали во иднина ќе се обидат да го доведат Мбапе, Перез беше јасен.
„Не, таа приказна завршена. Како што кажав ова не е Мбапе кој ние сакавме да го доведеме. Можеби доколку се промени…Животот носи пресврти, можеби го збунија, премногу е млад, му посакувам се најдобро, не мислам ништо лошо“, порача Перез.