Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез после триумфот во Лигата на шампионите го „пецна“ Килијан Мбапе.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Килијан Мбапе го одби Реал Мадрид и потпиша нов договор со ПСЖ, па Флорентино Перез неизбежно доби прашање за Французинот.




„Мбапе? Тој не постои вечерва. Ова е забава на Реал Мадрид. Мбапе е заборавен. Ништо не се случи, Реал Мадрид имаше перфектна сезона“, изјави Перез.




Првиот човек на „кралевите“ кажа дека секогаш ќе се трудат да ги ангажираат најдобрите фудбалери во светот.




„Така беше во минатото, така ќе биде и во иднина. Но, сега навистина не е тема на разговор кого ќе купиме летово“, вели Перез.