Дома Трансфер зона Перез и се потсмевал на Барса: Па тие ќе доведат „нов“ Андре Гомеш

Перез и се потсмевал на Барса: Па тие ќе доведат „нов“ Андре Гомеш

Флорентино Перез заедно со луѓето во Реал Мадрид, наводно се задоволни од тоа како се одвиваат работите во нивниот најголем ривал, екипата на Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барем по тврдењето на „Диарио Гол“, Перез е исклучително задоволен и среќен од тоа како поминал трансфер периодот во Барселона.

Наводно, Перез, на некој состанок кој не бил поврзан со фудбалот успеал и да се пошегува на сметка на Барселона и нивната желба да го доведат Фелипе Кутињо.

„Тоа е смешно, па тоа момче веќе играше во ова првенство и не покажа ништо“, наводно изјавил претседателот на Реал алудирајќи на времето кога Кутињо беше позајмен на Еспањол од страна на Интер.

Бразлиецот навистина не блескаше, но не беше ни лош, постигна пет погодоци во Примера. Потоа беше продаден на Ливерпул, а Флорентино смета дека Барселона со доведувањето на Кутињо ќе доведе „нов“ Андре Гомеш.

„Ќе купат уште еден “, додал Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…