Дома Топ вести Перез има нов проект од милијарда евра!

Перез има нов проект од милијарда евра!

Реал Мадрид се спрема да ја обележи наредната деценија, планот е навистина пеколен.

Мадритскиот „АС“ на својата насловна денес објави дека Флорентино Перез има намера да вложи милијарда евра во наредните две години.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Најголем дел од парите ќе одат за новиот „Сантијаго Бернабеу“ кој ќе стане најмодерниот, најголемиот и најмоќен стадион во Европа. За тој проект Перез ќе потроши 800 милиони евра.

За вакво нешто јасно е дека Реал ќе мора да земе и голем кредит, наводно станува збор за износ од 575 милиони евра кој клубот ќе го враќа во наредните 30 години.

Додека се гради новиот стадион, Перез ќе се обиде да изгради и нови „Галактикоси“, а главната мета е Килијан Мбапе. Медиумите на големо веќе подолго време пишуваат дека Реал нема да го доведе Мбапе ова лето, но се ќе биде спремно за 2021 година кога Французинот се очекува да стане најголемото засилување за Реал уште од Кристиано Роналдо.

Вториот „Галактикос“ би требало да биде Ерлинг Халанд на кого клазулата од 2021 година ќе му биде 75 милиони евра.

Се нагласува желбата на Перез да создаде нов моќен Реал како во 2000 година кога ги доведе: Луис Фиго, Зидан, Роналдо и Дејвид Бекам и така ја обележа првата половина на минатата деценија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…