Дома Топ вести Перез за 20-годишнината спрема две трансфер „бомби“

Перез за 20-годишнината спрема две трансфер „бомби“

Реал Мадрид спрема „бомбастични“ трансфери за 20-годишниот јубилеј на претседателот Флорентино Перез, пренесуваат шпанските медиуми.

Во моментов се очекува да биде завршена реконструкцијата на „Сантиаго Бернабеу“, а Перез спрема и две трансфер „бомби“ – Килијан  Мбапе и Ерлинг Халанд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите пишуваат дека Халанд би дошол за 75 милиони евра од Борусија Дортмунд, додека Мбапе за 180 милиони евра затоа што има договор до 2022 година. Како нешто што оди во прилог на Реал се наведува тоа што Мбапе ги одбил сите понуди од ПСЖ за продолжување на договорот.

Токму кризата која ќе настане со цените на фудбалерите, „Марка“ ја наведува како еден од адутите на Реал затоа што во условно кажано нормални услови би требало да платат за двајцата 400 милиони евра, вака до нивните услуги би стигнале за 250.

Со привлекување на овие двајца млади фудбалери Реал Мадрид ќе осигура одличен напад за наредните десет години, а Перез ќе може да се пофали дека ги донесол двајцата фудбалери кои потенцијално можат да бидат носители на „Златна топка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…