Дома Фудбал Перез за Рамос: Му понудивме договор и доволно време да одлучи, но тој не одби

Перез за Рамос: Му понудивме договор и доволно време да одлучи, но тој не одби

Серхио Рамос претходната недела потврди дека го напушта Реал Мадрид.

Рамос после 16 години одлучи да го напушти кралскиот клуб иако се веруваше дека кариерата ќе ја заврши во овој клуб.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тој во Реал пристигна од Севиља за 27 милиони евра и се покажа како полн погодок. Беше капитен на Реал Мадрид и се очекуваше дека без проблем ќе се договори за продолжување на соработката.

Преговорите помеѓу Рамос и Перез траеа со месеци, но на крајот не успеаја да пронајдат заеднички јазик.

Рамос одлучи да го напушти клубот и од наредната сезона ќе го гледаме во дресот на некоја друга екипа. Навивачите го критикуваа Перез зошто не ги прифатил условите на Рамос бидејќи е капитен и легенда на клубот.

Искусниот дефанзивец бараше двегодишен договор и плата од 12 милиони евра по сезона, а тоа за Перез беше неприфатливо. Претседателот на Реал очекуваше дека Рамос ќе се согласи на двојно помала плата бидејќи е на залезот од кариерата, но тоа не се случи.

Перез за шпански Ел Трансистор изјави дека Рамос го сака како син и дека Реал му нудел неколку опции за продолжување на договорот, но тој тоа не го прифатил.

„Ми беше тешко поради неговото заминување од Реал. Го сакам Рамос како син. Не бев на прес конференцијата бидејќи тоа никогаш не го работам кога заминуваат играчи. Го почитувам Рамос и тој е легенда на овој клуб.“ – рече Перез и додаде:

„Му понудивме договор и му дадовме време да размисли и одговори, но тој не го прифати тоа. Размислува за некои други работи и тоа го почитуваме. Верувам дека ќе замине во клуб кој ќе му го понуди она што ние неможевме.“

Овој 35-годишен фудбалер во дресот на Реал Мадрид одигра 671 натпревар, постигна 101 погодок и запиша 40 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…