Дома Фудбал Перез до Рудигер: Сега си играч на клуб кој има 14 титули во ЛШ…

Перез до Рудигер: Сега си играч на клуб кој има 14 титули во ЛШ…

Реал Мадрид денес го претстави Рудигер, на претставувањето секако присуствувше и претседателот Флорентино Перез.

Перез имаше порака за дефанзивецот пред започнувањето на новата епизода.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Ова е специјален ден за сите мадристи, ни пристигнува фудбалер кој ќе не направи посилни. Добиваме фудбалер кој го остава срцето на терен, еден од најдобрите дефанзивци во светот, Антонио Рудигер. Драг, Рудигер од денес ти си играч на клубот кој има 14 титули во Лигата н шампионите. Задоволни сме што имаме играч како тебе и се надеваме заедно ќе ги остваруваме твоите соништа“, изјави Перез.

Задоволство од потписот истакна и Рудигер.

„Ова е специјален ден за мене и моите блиски. Сакам да им се заблагодарам н мите родители без чија помош не би бил денес тука. Благодарност и до претседателот на Реал Мадрид што ми даде можност да заиграм за овој клуб. Ветувам дека ќе дадам се од себе, сакам да ги освојам сите трофеи со Реал“, изјави Рудигер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Синот на Анчелоти е клучен во соблекувалната на Реал. Шпанците ги открија неговите задачи

Реал Мадрид во драматичен натпревар и пенали во Манчестер го победи Сити и им се придружи …