Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди веќе неколку сезони важи за еден од најдобрите во Европа.
Икарди со своите партии во Интер го привлече вниманието на многу европски гиганти, па во секој преоден рок се поврзуваше со неколку клубови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, Аргентинецот влезе во расправија со управата на „нероаѕурите“, па оваа сезона среќата ја побара во Пари Сент Жермен, каде игра во одлична форма.
Сопствениците на ПСЖ најверојатно на лето ќе го откупат неговиот договор за 70 милиони евра, но шпанските медиуми откриваат дека Аргентинецот бил блиску до трансфер во Реал Мадрид.
Имено, Ванда Нара во 2017 и 2018 година ги договорила сите услови со Реал Мадрид, но претседателот на „кралевите“ во последен момент го откажувал трансферот поради една причина.
Имено, Перез сметал дека Аргентинецот нема карактер и одговорност да го носи дресот на еден од најголемите клубови во светот и дека може да прави проблеми во соблекувалната.
? El entorno y el carácter de Icardi frenaron su fichaje por el Real Madrid https://t.co/Q04QywgC9U Una información de @jfelixdiaz
— MARCA (@marca) November 26, 2019