Дома Трансфер зона Перез го стопира трансферот на Погба поради…

Перез го стопира трансферот на Погба поради…

Новиот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ќе има на располагање огромен буџет ова лето со цел да направи реконструкција на тимот.

Неколку големи ѕвезди веќе се поврзуваат со „кралскиот“ клуб, а меѓу нив се Еден Азар и Пол Погба.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


И додека „операцијата Азар“ е веќе започната и Реал рабори на трансферот на Белгиецот, шпанските медиуми откриваат дека Перез е спремен да му каже „не“ на Зидан за трансферот на Погба.

Имено, претседателот на Реал не сака да ги прифати високите барања на Французинот, но и не сака да работи со неговиот контроверзен агент Мино Раиола.

Притоа, Погба ќе го чини „кралскиот“ клуб најмалку 150 милиони евра, а Перез смета дека тие пари може порационално да се потрошат.

Една од главните причини поради која Зидан се врати во Мадрид беше ветувањето дека ќе има комплетна слобода во креирањето на тимот, па останува да видиме како ќе реагира на ваквата одлука од Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Проблем за Јувентус: Бремер има откупна клазула, Јунајтед е спремен да ја плати

Манчестер Јунајтед е подготвен да ја плати откупната клаузула за дефанзивецот на Јувентус,…