Дома Топ вести Перез го губи трпението: Азар во јануари за 120 милиони евра или на лето за 80!

Перез го губи трпението: Азар во јануари за 120 милиони евра или на лето за 80!

azar

Реал Мадрид изгледа тргнува во акција.

Кристиано Роналдо замина, Лука Модриќ е во поодминати фудбалски години, во способностите на Бензема се сомнева од поодамна или можностите Герет Бејл да издржи цела сезона без повреда…


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Почетокот на Реал под водство на Лопетеги не започна онака како што се надеваше Флорентино Перез. Претседателот на „кралевите“ не е човек кој познат по трпението, затоа во Мадрид на големо се пишува за потрагата на Перез по нова ѕвезда.

И повторно се зборува за Еден Азар.

Белгиецот не ја крие желбата да заигра за Реал Мадрид еден ден, а вчера Мората ги загрижи навивачите на Челзи со изјавата дека јасно е што би се случило доколку Реал тргне по Азар.

Денес медиумите во Шпанија пренесуваат и некои детали или подобро кажано планови на „кралевите“.

Се пишува дека Реал ќе се обиде да го доведе Азар уште во јануари и со сума помеѓу 100 и 120 милиони евра ќе се обидат да го убедат раководството на „сините“. Во случај понудата да биде одбиена, Реал би почекал до лето. Тогаш Азар влегува во последната година од договорот со Челзи.

Неколку пати претходно Белгиецот одбиваше да стави потпис на нов договор, па според таа ситуација Реал тогаш би понудил најмногу 80 милиони евра, бидејќи само шест месеци подоцна Азар би добил можност без дозвола од Челзи да преговара со заинтерсираните клубови.

Значи, реномираните „Марка“ и „Ас“ се убедени дека прашање е само кога Азар ќе го облече дресот на Реал, на зима или на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Готово: Покетино повеќе не е тренер на Челзи

Маурисио Покетино повеќе не е менаџер на Челзи, пренесе доброинформираниот новинар Фабрици…