Дома Фудбал Пеп за скандалозната грешка на судијата: Следно прашање, јас не сум Артета

Пеп за скандалозната грешка на судијата: Следно прашање, јас не сум Артета

Манчестер Сити и Тотенхем ремизираа 3:3 во дербито од 17. коло од Премиер лигата.

Стрелци за Манчестер Сити беа Фил Фоден, Џек Гралиш и автогол на Сон. Еден од погодоците за Тотенхем го постигна Сон, а другите два Џовани Ло Селсо и Дејан Кулушевски.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


По натпреварот најмногу се зборува за неверојатната грешка на судијата Сајмон Хупер. Имено, тој направи груба и несфатлива грешка во судиското надополнување на вториот дел и во голема мера го оштети Манчестер Сити и тоа на необичен начин.

По натпреварот новинарите побараа коментар од тренерот на Сити за скандалозната судиска грешка.

Тој даде одговор кој стана вирален: „Ентони Тејлор беше четвртиот судија денес. Знаете, господарот кој знае сè за оваа работа не можеше да ми каже ништо за тоа зошто не ни беше дадено предност. Но, дајте ми го следното прашање, нема да бидам како Артета“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нови проблеми за Анчелоти: Се повреди Мбапе

РЕАЛ МАДРИД ја прекина серијата од два порази во Лигата на шампионите со победата од 2:3 н…