Дома Трансфер зона Пепе му удри корпа на Интер, потпиша за…

Пепе му удри корпа на Интер, потпиша за…

Денеска е ден за трансфери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дефанзивецот на Реал Мадрид, Пепе кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ. Оваа вест ја потври и „Marca“, агентот на Пепе, Жорже Меднеш се сретна со сопственикот на парижаните, Насер Ал-Kелаифи и договорија двегодишна соработка.

Пепе е слободен играч на пазарот, му истекува договорот со Реал, беше на чекор од Интер, но на крајот одлучи да стане дел од проектот чија цел е трофејот во ЛШ. Клучниот фактор во ова е Унаи Емери, кој одлучи да го премисли Пепе, кој беше пред трансфер во Интер.

Му понуди важна улога во тимот и му даде ветуваше дека ќе создаде силен тим кој ќе се бори за Лигата на Шампионите. Пепе знае како се освојува ЛШ, има три тутили шампион на Европа со Реал Мадрид, а ваков повик за 34-годишен играч не се одбива.

Споменатиот извор тврди дека преостанаа само уште официјалните потврди, но се е договорено и Пепе следните две години ќе го носи дресот на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…