Роналдо и Пепе се дел од репрезентацијата на Португалија, а двајцата беа и соиграчи во Реал. Сезонава се сретнаа во Лигата на шампионите каде што се радуваше дефанзивецот кој со Порто го елиминираше Јувентус.
Во овој период многу се пишува за можноста Роналдо да го напушти Јувентус, а Пепе смета дека Португалецот ќе остане во Торино.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Тие што го критикуваат Роналдо не знаат колку е тешко да постигнувате по 30 гола секоја сезона. Роналдо прави неверојатни работи. Мислам дека ќе остане во Торино и ќе уште ќе ги радува фудбалските фанвои“, изјави 38 годишниот Пепе.
Роналдо сезонава е на бројката од 25 гола во италијанското првенство, а се наближува и до јубилејниот 100-ти натпревар во сите натпреварувања во дресот на „старата дама“.