Левиот бек на ЖРК Вардар, Андреа Пенезиќ, на прес-конференцијата по триумфот над Митјиланд рече дека македонскиот првак треба да биде поагресивен на реваншот во Скопје.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нивната голманка одбрани многу топки, а ние имавме доста промашувања. Треба да играме многу поагресивно и подисциплинирано во реваншот. Сега победивме, но треба тоа да се потврди и во Скопје. Токму поради нашите грешки во првото полувреме противникот имаше и предност. Ни требаше време да почнеме добро да играме, но важно победивме. Треба сега да играме уште подобро на реваншот, изјави Андреа Пенезиќ.

Вардар е на чекор до пласман на завршниот турнири во женската Лига на шампионите по синоќешната победа во Данска со 24:23.

Реваншот со Митјиланд е на 14 април во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Познати противниците на Македонија на СП 2027

Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за Светското првенство 2027, по…