Џермејн Пенант во својата автобиографија реши да открие некои детали од својата кариера, кои досега не биле познати за фудбалската јавност и неговите фанови.
Поранешниот играч на Арсенал откри дека бил пијан кога постигнал хет-трик на својот прв старт за „топчиите“ против Саутемптон на седми мај 2003. година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Англичанецот открива дека не очекувал да биде во почетниот состав на Арсенал за споменатиот дуел, па решил да се забавува претходната ноќ во која многу се опијанил.
И покрај тоа што пријателите му се заканиле да го заклучат дома за да биде подготвен за натпреварот на Арсенал, Пенант ги убедил дека нема да пие, но го направил токму спротивното.
„Знаев дека ќе има многу девојки таму. Морав да одам и немаше што да правам. Ветив дека нема да пијам, но имаше убава забава и на крајот бев мртов пијан. Ние се опијанивме, па заборавив дека играм натпревар во следниот ден“, вели Пенант.
Англичанецот објаснува што му се случувало во текот на натпреварот во кој Арсенал стигнал до триумфот.
„Го почнав натпреварот и се надевав дека брзо ќе дојде полувреме, но во меѓувреме постигнав гол. Погледнав кон клупата и сакав да ме замени некој, но тоа не се случи. Потоа постигнав уште еден гол и не можев да разберам како сум постигнал два гола. Но, на крајот погодив уште еднаш за хет-трик и не можев да си поверувам што се случува. Сепак, во последните 20 минути од мечот мислев дека ќе повратам бидејќи алкохолот сè уште беше во моето тело. Се чувствував ужасно и се молев да излезам од игра“, објаснува Англичанецот.