Дома Фудбал Англија Пенал рулетот донесе среќа за „граѓаните“: Манчестер Сити го освои Комјунити Шилд трофејот (ВИДЕО)

Пенал рулетот донесе среќа за „граѓаните“: Манчестер Сити го освои Комјунити Шилд трофејот (ВИДЕО)

Ливерпул и Манчестер Сити денес го одигра натпреварот на Комјунити Шилд.

Клубовите кои во минатата сезона водеа жестока борба за титулата во Премиер лигата до последното коло денес го одиграа првиот натпревар во сезоната.
И после 90 минути како и последниот пат кога играа на „Вембли“ победник немаше.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Манчестер Сити беше подобар тим на отварањето од натпреварот. После десетина минути игра Гвардиола беше принуден да менува затоа што се повреди Лерој Сане, засега нема информации од каков карактер е неговата повреда.

Само неколку моменти подоцна Сити успеа да стигне до предност и тоа преку Рахим Стерлинг во 12-тата минута. Впечаток е дека во оваа ситуација лошо реагираше цела одбрана на Ливерпул, како и голманот Алисон.

Сити предноста ја имаше се до 77-та минута кога Жоел Матип успеа да ја погоди мрежата на Клаудио Браво.

Од тој момент, а посебно во самиот финиш од натпреварот Ливерпул беше подобриот тим и создаде неколку одлични прилики, меѓутоа резултатот не се промени. Според правилата на Комјунити Шилд не се играа продолженија, туку веднаш се пристапи кон изведувањето на пенали.

Во пенал рулетот поуспешни беа „граѓаните“ кои втора година во низа го освојуваат ова натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…