Дома Фудбал Пеналите секојдневие на Мундијалот, ќе падне ли нов рекорд?

Пеналите секојдневие на Мундијалот, ќе падне ли нов рекорд?

Светското првенство во Русија го обележија големиот број на пенали.

До сега беа досудени дури 13, а верувале или не, толку беа досудени на целото Светско првенство пред четири години во Бразил. Бројките велат дека во досегашните 32 натпревари видовме 13 пенали, а во Бразил беа досудени исто толку во 64 натпревари. На се многу влијаеше ВАР технологијата, по што беа досудени некои од пеналите.

„ФИФА е задоволна од досегашното судење и успешното спроведувае на системот ВАР, што позитивно беше прифатено во фудбал заедницата. Среќни сме што тоа е така“, изјави Џовани Марти, водителот за медиумите на ФИФА.

Вреди да се напомене дека во 2002. година во Јапонија и Јужна Кореја беа досудени 18 пенали и тоа првенство го држи рекордот, но дефинитивно Мундијалот во Русија би можел да го сруши тој рекорд, односно да постави нов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фабрегас предупредува пред Торино: Комо без право на опуштање и без Кин

Комо го чека четврти натпревар за десет дена, а Фабрегас има и кадровски проблеми пред гос…