Дома Фудбал Останато Пеле, Роналдо, Зара…Ова се рекордите кои ги брка Меси

Пеле, Роналдо, Зара…Ова се рекордите кои ги брка Меси

Сезоната во Шпанија веројатно ќе продолжи па Лионел Меси ќе добие прилика да сруши уште неколку рекорди.

Аргентинскиот фудбалер може да стане играч со најмногу титули најдобар стрелец во шпанското првенство. Најдобриот играч на Барселона сезонава постигна 19 голови во Примера, пет повеќе од Карим Бензема кој е зад него. Ако до крајот на првенството остане лидер, ќе ја освои седмата титула најдобар стрелец и ќе има една повеќе од Телмо Зара. Воедно тоа би било и четврта ваква титула во низа Аргентинецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меси може да го сруши и големиот рекорд на Пеле по постигнати голови за еден клуб. Легендарниот Бразилец за Сантос постигна 643 гола пред да замине во американскиот Космос. Меси во овој момент е на 627 голови за Барселона. До крајот на сезоната има уште 11 лигашки натпревари и најмалку уште еден натпревар во Лигата на шампионите, реваншот против Наполи. Првиот натпревар заврши без победник 1:1.

Пеле е рекордер и по бројот на голови на официјални натпревари (757 – 643 за Сантос , 37 за Космос и 77 за Бразил), а Меси е на 697 гола. Аргентинецот го брка и рекордот на Пеле кој го држи како најдобар стрелец во јужноамериканските репрезентации, за Аргентина Меси постигна 70 голови.

Меси ќе се обиде да го сруши и рекородт на својот најголем ривал Кристиано Роналдо, напаѓачот на Јувентус во Лигата на шампионите постигна 128 голови, 14 повеќе од Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сензација на „Скај Спорт“: Тен Хаг на клупата на Баерн?!

Во последниот период се редат тренерите кои го одбиваа Баерн, а во таква ситуација клубот …