Дома Фудбал Пеле однесен во болница, ситуацијата е критична

Пеле однесен во болница, ситуацијата е критична

Легендарниот бразилски фудбалер, Пеле е хоспитализиран и неговата ситуација е критична, пренесуваат тамошните медиуми.

Пеле веќе подолг период води битка со ракот, а сега очигледно ситуацијата се влошила.

82-годишниот Пеле бил примен во болница во вторникот навечер кога му се појавиле отоци на целото тело.

Третманот кој во последниот период го користел Пеле за борба против ракот не бил успешен и неговото тело не одговарало позитивно на хемотерапијата која ја примал, притоа има срцева слабост.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан го следи Калвани, Џенова ги мерка Камарда и Комото

Тројца млади Италијанци се во фокусот на Милан и Џенова, но „росонерите“ не сакаат трајно …