Барселона синоќа загуби од Баерн Минхен на домашен терен со 3:0 и беше елиминирана од Лигата на шампиони уште во групната фаза.
Каталонците оваа сезона не покажаа добри партии во ЛШ, па на пролет ќе играат во Лига Европа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После синоќешниот меч Педри призна дека овој тим на Барселона не е на нивото да се бори за Лигата на шампиони.
„Се разбира дека ова е дебакл. Барселона мораше да ја помине групата, а ние не успеавме. Не заслужуваме да одиме понатаму во ЛШ. Ние сме млад тим и имаме простој за разбор, но во моментов не сме на ниво да се бориме за Лигата на шампиони“.
„Ни недостасуваат многу нешта, треба да бидеме самокритични. Вистина е дека во Минхен и Милано заслуживме повеќе, но денес се виде дека не сме спремни за највисоко ниво“, изјави Педри.