Дома Трансфер зона Па ова не е нормално!? – Пеп, неколку моменти по Лапорте си обезбеди уште еден штопер!

Па ова не е нормално!? – Пеп, неколку моменти по Лапорте си обезбеди уште еден штопер!

guardiola

Што ли мисли Пеп Гвардиола да прави со централните дефанзивци…

Само неколку моменти откако и официјално „граѓаните“ ја платија откупната клазула од 65 милиони евра за Емерик Лапорте ни стигнува уште една вест за уште еден централен дефанзивец кој пристигнува на „Итихад“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холандските медиуми пренесуваат дека Манчестер го договорил трансферот на дефанзивецот Филип Сандлер од Зволе.

Станува збор за 20 годишен фудбалер кој ќе биде платен три милиони евра, но до лето ќе остане во холандската лига на позајмица.

Сандлер наводно веќе отпатувал на лекарски прегледи во Манчестер и ќе потпише договор на четири ипол години.

Секако, за богатите шеици на Сити три милиони евра и не се некоја голема сума, па останува да видиме дали овој талентиран дефанзивец ќе успее да стигне до првиот тим на „граѓаните“ во кој сега има навистина огромна конкуренција во последната линија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…