Како што се очекуваше, Димитри Паје замина од Вест Хем и го комплетираше трансферот во Марсеј вреден 25 милиони фунти.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Долго се одвиваа преговорите помеѓу двата клуба, договор бил постигнат за сума од 25 милиони фунти плус 25% од следниот трансфер на Паје.
„Вест Хем може да потврди дека денес го договори трансферот на Паје во Марсеј за 25 милиони фунти“, стои во соопштението „чеканите“.
Димитри Паје во Марсеј играше од 2013 до 2015 година, а претходно го носеше дресот на Лил, Сент Етиен и Нант.