Барзилскиот репрезентативец и играч на кинескиот Гвангжу Евергранде, Паулињо потврди дека има понуда од Барселона.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во последните денови шпанските медиуми пренесоа дека Барселона се интересира за Паулињо поради потешкотиите да дојде до потписот на Марко Верати.
„Да, имаше контакти помеѓу Барса и мојот агент. Вистина е дека има понуда, преговараме. Во моментов се наоѓам во прекрасен период од животот, како личен така и на професионален план, па поради тоа тешко ми е да се одлучам“, изјави Паулињо.
„Има многу фактори кои треба да ги разгледам пред да донесам конечна одлука. Многу ми е убаво во Кина, сопругата многу го сака овој град. Ќе видиме што ќе се случи“,додаде 29-годишниот Бразилец.