„Мундо Депортиво“, весник кој е секогаш добро упатен во случувањата во Барселона, тврди дека Паулињо би можел да го напушти „Камп Ноу“ ова лето.
Имено, Каталонците се уште немаат донесено конечна одлука, но весникот тврди дека пристигнала понуда „која тешко може да се одбие“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неговиот агент Кија Јорабчијан веќе го информирал клубот за понудата, а идентитетот на клубот се уште не се открива. Се претпоставува дека понудата е „тешка“ околу 50 милиони евра.
Паулињо не е стандарден во Барселона, па сега раководството треба да одлучи дали да го задрчи Бразилецот или да ја прифати понудата и парите да ги искористи за друг фудбалер.
Наводно Барселона е заинтересирана за Вилијан од Челзи, кој има ист агент како Паулињо, па би можело да дојде до „замена“ на двајцата Бразилци на „Камп Ноу“.