Од почетокот на јануарскиот преоден рок се шпекулира дека Пасторе ќе го напушти ПСЖ, дека ќе потпиша за Интер, меѓутоа неговиот агент го тврди спротивното.
Имено, агентот на Пасторе на новинарите во Италија дека трансфер на неговиот клиент во редовите на Интер е невозможен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наводно, Марсело Симониан вчера бил во Милано каде одржал состанок со челниците на Интер, но како што тврди до договор не дошло.
„Оваа операција не е возможна“ – изјави кратко Марсело за Тутомеркато и Спорт Италија.
Според последните информации ПСЖ бара 20. милиони евра за Аргентинецот и трансферот веднаш да биде реализиран, но Интер не е во можност тоа да го направи.