Дома Македонски спорт Мак фудбал Партизан, Виљареал, Фиорентина, Вест Хем…Се можни противници на Шкендија ако се помине АИК

Партизан, Виљареал, Фиорентина, Вест Хем…Се можни противници на Шкендија ако се помине АИК

Екипата на Шкендија вчера го продолжи својот пат откако во квалификациите ја елиминираше Валмеира од Малта.

Во реваншот Шкендија победи со 3:1 и со вкупни 5:2 се пласираше во третата квалификациска рунда. Третото коло за Шкендија ќе донесе двомеч со АИК од Шведска. Првиот натпревар се игра во Стокхолм на 4. август додека реваншот е закажан за во Скопје една недела подоцна.

Ждрепката за плеј-офот во Лигата на Конференции ќе се одржи на 2. август. Во случај тетовци да го поминат АИК тогаш во Скопје може да гостува екипа како Виљареал, Вест Хем, Фиорентина Келн, поразениот од АЕК Ларнака и Партизан…

Како и да е јасно е дека ако се помине АИК кој воопшто не е лесен противник тетовци ќе добијат уште потежок ривал како последна пречка за влез во третото по ранг европско натпреварување.

Фото: ФК Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Тиквеш со два состава и Тетекс во саботната трка за „Вуко Каров“

Меморијалот во Кавадарци ќе ги соочи домашните и странските фудбалери на Тиквеш со Тетекс.…