Дома Македонски спорт Мак ракомет Парондо: Цела сезона добивавме по 500 евра, а така тешко се живее во Македонија

Парондо: Цела сезона добивавме по 500 евра, а така тешко се живее во Македонија

Роберто Гарсија Парондо успеа да го одведе Вардар на фајнл-фор турнирот во Келн и покрај финансиските проблеми што ги имаа црвено-црните.

За шпански „АС“ Парондо сега зборуваше за проблемите со кои се соочиле играчите на Вардар и додаде дека сопственикот Сергеј Самсоненко им ветил дека долговите ќе бидат исплатени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Имавме долга и навистина комплицирана сезона, но сепак на крајот успеавме да се избориме за место помеѓу најдобрите четири екипи во Европа. Овој тим беше шампион пред две години, но навистина е изненадување што и оваа година се најдовме таму“.

„Добивме една цела плата, а потоа цела сезона добивавме по 500 евра кои ни ги гарантира законот. Во Македонија не можете да живеете со 500 евра, а кога некој имаше проблем одеше кај претседателот да побара повеќе пари. Претседателот го призна длгот и пред нотар не обезбеди дека на никој нема да му остане должен. Не бевме очајни иако не бевме во идеални услови за игра“, изјави Парондо за „АС“.

Во полуфиналето на фајнл-фор во Келн Вардар ќе игра против шпанска Барселона против која оваа сезона во групната фаза два пати црвено-црните претрпеа порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …