Дома Македонски спорт Мак ракомет Парондо: Одигравме одлично, клучни беа првите десет минути!

Парондо: Одигравме одлично, клучни беа првите десет минути!

Тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо не го криеше задоволството од победата на своите избраници над Кристијанштад со 33:25.

Вардар супериорно го доби дуелот со Кристијанштад, а Парондо истакна дека клучни биле првите десет минути од натпреварот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Многу сум задоволен од моите играчи, одиграа многу добар натпревар, и што е најважно, дојдовме до победа. Им реков на играчите дека сите натпревари во Лигата на шампионите се силни, без разлика со кого играме. Овој пат мислам дека клучни беа првите десет минути и затоа после изгледаше лесно. Ќе се трудиме на секој натпревар да играме со полн интензитет во текот на сите 60 минути“, изјави Парондо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…