Вардар денес одигра одличен натпревар и запиша победа против Рајн Некар Левен од 27:30.
Црвено-црните го контролираа натпреварот во текот на комплетните 60 минути, а на крајот заслужено славеа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После натпреварот Роберто Гарсија Парондо секако беше задоволен од неговите момци кои како што кажа го принудиле противникот да прави грешки.
„Кога се враќаш од долга пауза никогаш не знаеш што ќе се случи и затоа сме среќни. Започнавме добро и го принудивме противникот да прави грешки. Ова беше еден навистина одличен натпревар за нас“, изјави Парондо.
Следниот натпревар во Лигата на шампионите Вардар го игра на 16-ти овој месец кога во Скопје ќе гостува Веспрем.