„Млекарите“ се засилуваат со цел да се задржат помеѓу најдобрите во Италија.
Парма се врати во Серија А, сега управата има задача што подобро да се засили, за експресно да не се најдат повторно во Серија Б.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Повратникот во Серија А се поврзуваше со повеќе фудбалери, а последен на листата според „Кориере дело Спорт“ е српскиот ветеран кој долги години настапува во Серија А, Душан Баста.
Баста кариерата во Серија А ја започна во 2008 година во дресот на Удинезе, но потоа веднаш беше испратен на позајмица во Лече, но после враќањето од позајмицата стана стандарден и во наредните пет години запиша 105 настапи во најсилната италијанска конкуренција за „зебрите“.
Лацио го доведе во 2014 година за 10.5 милиони евра, а до денес со екипата од „Олимпико“ запиша 88 настапи во Серија А.
Дресот на репрезентацијата на Србија го носеше на 18 натпревари.
Со него во пакет од Парма би можел да пристигне и Давиде Ди Џенаро.