Дома Фудбал Италија Парма знае што значи Гранде, па веднаш преку „неговиот лик“ продава дресови!

Парма знае што значи Гранде, па веднаш преку „неговиот лик“ продава дресови!

Македонската фудбалска икона Горан Пандев во последниот ден од преодниот рок направи трансфер во Парма и овој трансфер привлече големо внимание.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За трансферот на Пандев се пишуваше во региониот, а посебно интересен беше и за Италијанците. Парма до крајот на сезоната ќе има „легенда во нападот и легенда на голот“. Навистина ќе биде посебно да се гледаат Пандев и Буфон на иста страна.

Какви резултати ќе донесе овој „тандем“ допрва ќе видиме, меѓутоа во Парма веруваат овој потег е одличен и од маркетинг страната. Имено, само што дојде Пандев во Парма го „искористија“ неговиот лик за реклама за продажба на дресовите за актуелната сезона.

Фотографијата од Пандев е поставена на Инстаграм профилот на Парма со линк кој ве води до официјалниот фан шоп на „млекарите“. Дрес од Парма можете да купите за 79 евра, а во понудата има и ретро голмански дрес од првата сезона на Буфон во Парма, тој чини 119 евра.

Линк од официјалниот фаншоп на Парма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Французите ја растурија Шведска, Мбапе посакува да го испрати Меси во историја (Видео)

Фудбалската репрезентација на Франција лесно го победи Шведска во осминафиналето на Светск…